Фатени тројца стружани при кражба на дрва

Вчера, околу 11 часот, во месноста Орли, атар на с. Црвена Вода, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник ги затекле Р. Б. (20), Б. Џ. (40) и Ј. Б. (40) од струшкото село Мислодежда, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на ЈП „Национални шуми“.

На местото биле пронајдени 15-ина просторни метри исечени дрва, како и седум коњи натоварени со дрва. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Back to top button
Close