Фатено патничко возило „мерцедес“ полно со дрва

На 30.03.2021 полициски службеници од ОВР Кочани, во содејство со шумска полиција, на влезот на с.Зрновци, кочанско, затекнале патничко возило „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, управувано од О.З.(32) од с.Зрновци, кој превезувал нежигосани огревни дрва. Возилото и дрвата биле одземени од Шумската полиција. По комплетно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.

Back to top button
Close