Фатиме Фетаи стана доктор на науки

Со одбраната, Фетаи го доби највиското академско звање – доктор на науки.
Академик проф. д-р Владо Камбовски ќе каже „Пред себе имаме една одлична докторска дисертација која ги задоволува сите критериуми на научен пристап и методологија и има особена вредност бидејќи доаѓа од кандидат кој извршил длабинско скенирање на казнената постапка и има драгоцен придонес кон претстојната натамошна реформа на казненото процесно право…камо среќа да имаме повеќе вакви анализи и кандидати“.

Фетаи сега е виша обвинителка во Вишото обвинителство-Скопје. Таа претходно беше дел од Специјалното јавно обвинителство во тимот на Катица Јанева.