Фатмир Битиќи контра партијата – нема да гласа за интерпелацијата нa Гаши
Екс потпретседателот на Владата и пратнеик на СДСМ Фатмир Битиќи не се согласува со партискиот став за интерпелацијата за Гаши, пренесе Прес24.
Тој во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик интерпелација на Левица ја нарече националистичка и ксенофобична и рече дека не може да најде аргументи за да ја поддржи.
За разлика од него, лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека партијата вчера изградила став дека ќе ја поддржи интепрелацијата против Гаши која што ја поднесе Левица.
Претходно, пратениците на ДУИ рекоа дека нема да гласаат за разрешување на Гаши