Фаучи ја прифати понудата на Бајден за главен медицински советник
Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи, рече дека ја прифаќа понудата на новоизбраниот претседател Џо Бајден да стане главен медицински советник на неговата администрација.
Претходно, Бајден рече дека вчера имал средба со Фаучи и го замолил да остане директор на Институтот за алергија и инфективни болести, како и да ја заземе позицијата главен советник на новоформираната работна група за борба против коронавирус.
– Секако, веднаш реков „да”, изјави Фаучи во интервју за Ен Би Си на прашањето дали ја прифаќа понудата на Бајден.