Фаучи: Јас да се прашувам – би го вакцинирал Трамп
Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја повтори својата препорака американскиот претседател Доналд Трамп да прими вакцина против коронавирусот.
– Одлуката за тоа дали ќе се вакцинира зависи од него и од докторот во Белата куќа. Моја препорака – тоа го реков и претходно – јас би го вакцинирал, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.
– Тој сè уште е претседател на САД. Важна личност … Значи, мојата препорака за претседателот останува иста, додаде тој.
Трамп годинава имаше коронавирус, а лекарите му препорачуваат да почека со вакцината, наведувајќи го како причина третманот со моноклонски антитела што ги примил во борбата против вирусот.