Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат кога вакцината против коронавирусот ќе биде достапна, додека САД се подготвуваат за првата фаза на имунизација против Ковид-19, пишува Си-Ен-Ен.

„Кажете си дека нема да бидете личноста преку која вирусот ќе помине на друга личност, запрете го пренесувањето на Ковид-19“, напиша Фаучи на Фејсбук.

Како што пренесуваат странските агенции, во САД вирусот се шири со голема брзина, а минатиот месец 20 пати беше забележан рекорден број на пациенти хоспитализирани поради Ковид-19. Последниот најголем број хоспитализирани пациенти е забележан во понеделникот, кога беше потврдено дека 96.039 лица се во болница.

Досега во земјава се пријавени 13,5 милиони случаи на Ковид-19 и 268.045 смртни случаи.

Вакцинацијата ќе започне на денот кога вакцините ќе бидат испорачани или следниот ден, велат надлежните.

– Дури и откако ќе започне вакцинацијата во декември, нема да има доволно вакцини за масовна имунизација до април или мај 2021 година, рече Фаучи. паг/

Back to top button
Close