Фаучи: Имунитетот на стадо во САД е можен само со доволен број вакцинации

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека САД  „во релативно брз период“ веќе следната година може да постигнат имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против корона вирус.

Фаучи за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека „помошта на патот“ е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни затоа што се ближат празниците и да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се во „многу, многу тешка ситуација“, бидејќи и натаму расте бројот на случаи.

-Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат, рече Фаучи.

Back to top button
Close