Фаучи: Мутациите влијаат врз вакцините, но можни се прилагодувања

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека постои причина за загриженост во врска со влијанието на некои мутации на коронавириусот врз вакцините, но научниците имаат многу опции за прилагодувања, со цел да се обезбеди ефикасност на вакцините и лековите.

Фаучи истакна дека посебни причини за загриженост постојат кога станува збор за мутираниот вид на коронавирусот, кој првично е откриен во Јужна Африка, бидејќи лабораториските испитувања покажуваат дека може да се намали заштитната моќ на досега одобрените вакцини.

Тој додаде дека нивното ниво на заштита и понатаму било во дозволениот обем на отстапки.

Фаучи изјави дека моментно е во тек испитување на ефикасноста на една вакцина против видот откриен во Јужна Африка и оној што првично се појави во Бразил, а кое го оцени како ветувачки развој на случувањата.

Back to top button
Close