Фаучи: Почнаа подготовките за унапредување на вакцината против Ковид-19

Американскиот епидемиолог Ентони Фаулу изјави дека научниците подготвуваат унапредена вакцина против Ковид-19, поради појавата на нови видови на коронавирусот во Велика Британија и во Јужна Африка.

Тој истакна дека новите видови не само што се позаразни, туку и не реагираат добро на моноклонските антитела што се употребуваат за лекување на пациентите.

Фаучи посочи дека јужноафриканскиот вид на Ковид-19 е „поинаков и поопасен од тој во Велика Британија“.

– Постои многу мало намалување на ефикасноста на вакцините против новите видови на Ковид-19, но постојат доволно видови вакцини кои се ефикасни и против видовите во Велика Британија и во Јужна Африка, наведе Фаучи.

Back to top button
Close