ФДА: Годинава би можеле да се вакцинираат 20 милиони Американци

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) очекува да преземе акција наскоро по одобрувањето на вакцината против коронавирус развиена од „Фајзер”, а 20 милиони Американци би можеле да бидат вакцинирани оваа година, изјави денеска комесарот на ФДА Стивен Хан.

Тој одби да даде точна временска рамка за тоа колку време ќе биде потребно за одобрување на вакцината развиена од „Фајзер” и „Бионтек”, но рече дека се надева дека регулаторната одлука ќе биде донесена во декември.

– Штом ФДА ја одобри вакцината, јас ќе бидам прв во редот и ќе го охрабрам моето семејство да ја прими вакцината, рече Хан.

Многу сојузни власти очекуваат вакцината да биде одобрена во рок од неколку дена по состанокот за ревизија закажан за 10 декември, иако еден официјален претставник на ФДА неодамна рече дека одлуката за одобрување може да трае со недели.

Back to top button
Close