„Фејсбук“ ќе ги брише видеоснимките од преносите во живо

„Фејсбук“ најави дека од оваа седмица ќе ги промени правилата за зачувување снимки од пренос во живо (LifeStream). Имено, наместо неограничено време на задржување, сите видеа во живо автоматски ќе се избришат по 30 дена. Оваа промена ќе влијае на сите корисници кои некогаш снимиле видео во живо на платформата.

Компанијата објави дека, првично, ќе им даде на корисниците 90 дена да одлучат што сакаат да прават со нивните стари снимки пред тие трајно да бидат избришани. Има неколку опции.

Ќе може, на пр., да се преземе снимката на личен уред, да се префрли во облак како „Гугл драјв“ (Google Drive) или „Дропбокс“ (Dropbox), или пак, да се претвори во кус „видеоролна“ формат и така да остане на личниот профил.

„Фејсбук“ ќе го поедностави процесот на зачувување стари снимки во живо. Така, корисниците ќе добијат известување за преземање на сите такви лични видеа. Покрај тоа, ќе може директно и полесно да се префрлаат снимки на поврзаните облак-услуги, што е особено корисно за оние со ограничен простор на нивните уреди. За оние корисници на кои им треба повеќе време, „Фејсбук“ ќе понуди и опција за одложување на бришењето за дополнителни шест месеци.

Компанијата наведува дека оваа промена е во согласност со стандардите, потсетувајќи, на пр, дека нивниот главен конкурент „Твич“ (Twitch) чува снимки до 60 дена, за деловните соработници и другите партнери, и 14 дена за обичните корисници.

Back to top button
Close