Фејсбук и Инстаграм почнаа да ги блокираат објавите за апчиња за абортус

Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците кои нудат пристап до апчиња за абортус.

Официјално, причината е кршењето на правилата за фармацевтски производи. Откако американскиот Врховен суд го укина правото на абортус, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои се нудат пилули за абортус и испраќање по пошта на луѓе кои веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе бидат оневозможени. Но, објавите набрзо беа отстранети, а тоа го покажала и тест-објавата на некои западни медиуми, која била отстранета за една минута.

Фото: Њу Јорк Тајмс

 

Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така забранети, со истите правила на „Мета“. Сепак, во тестот на „Верџ“, на пр., со намерна објава поврзана со испраќање марихуана по пошта, таа не била отстренета.

Мета е под лупа откако нејзиниот извршен директор, Марк Закерберг, објави големи промени во политиките на компанијата овој месец. Закерберг вети дека ќе ги олесни ограничувањата за онлајн говорот, што предизвика загриженост кај експертите кои сметаат дека промените би можеле да предизвикаат пораст на говорот на омраза, како и други штетни последици.

Мета изјави дека модерирањето на профилите поврзани со абортус не е поврзано со промената во политиките за говор. Но, времето на инцидентите постави прашања за тоа дали компанијата навистина ги олеснува ограничувањата за говорот, и е уште еден пример за предизвиците со кои се соочува во спроведувањето на содржините.

Back to top button
Close