Фејсбук избриша околу 900 налози поврзани со ултрадесничарски групи

 Фејсбук вчера избриша речиси 900 налози поврзани со ултрадесничарските групи Прауд бојс (Proud Boys) и Американ гард (American Guard), соопшти компанијата.

Во соопштението е наведено дека се избришани преку 500 налози на Фејсбук и преку 300 налози на Инстаграм, откако помал број налози поврзани со овие две групи беа избришани уште пред две недели.

Фејсбук првпат избриша налози поврзани со двете групи на 30 мај, кога беше забележано дека почнале да објавуваат постови во врска со протестите во САД.

На овие групи Фејсбук првично им забрани да промовираат омраза, но тие продолжија да објавуваат фотографии со оружје и да ги повикуваат луѓето да присуствуваат на протестите низ Америка кои се раширија од Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Фејсбук следи како ултрадесничарските групи ја користат оваа социјална мрежа за координација на акции и за регрутирање нови членови. 

Back to top button
Close