Фејсбук кавга за запленет путер со поминат рок

Веста за повлекувањето од продажба на германски путер со поминат рок на АХВ на својот профил ја сподели вицепремиерот за борба против корупција Николовски, што испровоцира реакција кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска објави дека е повлечен од продажба путер на производителот Rucker GmbH – Германија, а чиј увозник и дистрибутер во земјава е „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје, бидејќи имал поминал рок. Се работи путер во пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти кој е откриен при инспекција на 10 март.

Путерот имал датум на производство 13.12..2020 и рок на употреба до 13.02.2021 година.

Од АХВ ги повикуваат граѓаните кои купиле од него, да не го конзумираат, и или да го вратат од каде што го купилле или да го уништат.

Веста за повлекувањето на путерот на својот Фејсбук профил ја објави и вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски

„Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот“,

објави Николовски.
Ова предизвика реакција кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој иронично овој потег го нарече „жестока битка со корупцијата“, кој го обвини Николовски дека молчи за шверц на тутун преку Крива Паланка.

„Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка.
Во колку е аплаузот Љупче? Криминалци едни…“,

напиша Мицкоски на својот профил.

Back to top button
Close