Феникс

Почитувани читатели, насловот на денешната колумна, посветена на Еуростандард банка е инспириран од името на птицата Феникс, која во египетска митологија е опишана како огнена птица која се издигнува од пепелта и никогаш не дозволува да биде поразена. Феникс е симбол на волја за живот.

Навршуваат 44 месеци од носењето на Еуростандард банка во стечај. Стечајната постапка која се води за прибирање на одлеаните средства од банката, се држи далеку од очите на јавноста.

Од сигурни извори кои ја следат стечајната постапка дознаваме дека финансиски средства за целосно обештетување на правни и физички лица, клиенти на банката, има доволно.

Убеден сум дека во краток временски период ќе бидат обештетени сите клиенти на банката.

Во континуитет се борам против нанесената неправда. Ни на крај на умот не ми било дека моето новородено дете, под името Еуростандард банка, ќе биде предмет на незаконско уништување.

Мојата земја, мојата татковина која што неизмерно ја сакам, придонесувам и помагам во сите сфери на општествениот живот, ми возвраќа на најбрутален начин.

Тешко разбирлив ми е поривот, државата да си ги убива своите деца. Во колумните кои ги пишував и сѐ уште ќе ги пишувам, недвосмислено е укажувањето на фактот дека јас и моето семејство во сферата на бизнисот сме требале да бидеме уништени.

Криминогени структури, влезени во државните институции се креаторите на овој грозоморен чин. Народна банка и нејзината гувернерка г-ѓа Бежоска, кој по ниеден критериум не може да ја води оваа институција, се извршители. Очигледен е фактот дека функциите во институциите ги заземаат лица кои одработуваат нечии агенди.

Како може госпоѓата Бежоска да биде Гувернер на Народна банка речиси 7 години, кога веднаш при носењето на Еуростандард банка во стечај направи катастрофални грешки некористејќи инструменти кои ги имаше на располагање за стабилизација на банката? Истата Бежоска не го прими на разговор потенцијалниот инвеститор кој молеше за средба цели 3 месеци пред обзнанување на стечајот.

Како можеше да занемари 97 дена вонредна состојба од пандемијата Ковид-19 кога, на банката ѝ беше одземено правото за присилна наплата.

Госпоѓата Бежоска цела година наназад, пред стечајот на банката, ѝ го одзема правото за работа со правни и физички лица.

Време е да престанеме поради партиска ( полтронска) лојалност да ги наградуваме луѓето со функции кои во основа треба да значат живот за општеството. Полтронството за ваквите функции стана приоритет, а не знаењето, искуството и визијата.

Криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени во нашето секојдневие го диктираат трендот на сервилност.

2 / 2

Од ден на ден чуствувам „Сизифовски” напор да ја докажам вистината. Но, бидете убедени дека вистината ќе испадне на виделина. Долга е раката на правдата.

Нема да дозволам да бидам предмет на подкусурување на луѓе со ниски страсти, луѓе послушници кои му служат на ѓаволот.

Во животот има многу падови и искачувања. Растењето на човечкото во мене ми го подари мојата Македонија преку образование и стекнати човечки особини и вештини.

Нема да дозволам мојата сакана Македонија да направи услови за мојот најголем личен пораз.

Секогаш ќе се кревам од пепелта и ќе се борам за правдата и вистината.

Феникс вечно ќе живее во мене. Сакам да упатам порака до сите мои сограѓани кои што тежнеат кон чесно и напредно општество со владее на правото и правдата, да веруваат во Феникс како симбол на непокор.

 

 

Back to top button
Close