Фернандеш ја објасни жестоката кавга со Линделоф по елиминацијата од Севиља

– Севиља стана првиот финалист во Лигата на Европа, чија завршница се игра во Германија, со победа од 2:1 во полуфиналето против Манчестер Јунајтед.

Освен поразот, главна тема во Англија е кавгата меѓу фудбалерите на Јунајтед по последниот гол на натпреварот. Де Јонг постигна гол, најмногу поради лошата реакција на стоперот Виктор Линделоф, кој беше ужасно позициониран при центаршутот од десната страна. Така, Де Јонг имаше лесна работа, го пресретна додавањето и ја закова топката одблизу во мрежата за пласман во финалето.

Реакцијата на Линделоф беше критикувана од Бруно Фернандеш, а шведскиот стопер не го прифати тоа најдобро, па влезе во расправија со Португалецот.

Фернандеш го коментираше инцидентот по натпреварот: „Нормално е кога ќе примите гол. Не станува збор за нешто поголемо меѓу мене и Виктор, нормално е тоа што се случи. Многу повеќе пати истото ќе се случи во фудбалот. Мора да ги видиме грешките што ги правиме и да се подобриме“.

Back to top button
Close