Фернандеш импресиониран од Рашфорд

Новата sвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, призна дека бил многу импресиониран од Маркус Рашфорд кога започнал да тренира со клубот и е изненаден од квалитетите на 22-годишниот напаѓач. По пристигнувањето на португалскиот играч од средниот ред во тимот, „црвените ѓаволи“ го кренаа своето ниво и се во серија од 18 натпревари без пораз, откако се борат за учество во Лигата на шампиони.

– Мислам дека Рашфорд може да има неверојатна брзина со неверојатни квалитети. Тој навистина ме изненади многу. Секако, јас бев свесен за неговите квалитети, затоа што тој веќе беше еден од најдобрите млади играчи на светот, изјави Фернандеш за БТ Спорт.

Дваесет и пет-годишниот Португалец зборуваше за поранешниот фудбалер на Јунајтед и неговиот соиграч Кристијано Роналдо, опишувајќи го како најдобар фудбалер со кој некогаш играл.

– Кристијано, повеќе во првите години од неговата кариера, беше еден од нај надарените играчи во светот. Мислам дека тој ја смени својата игра последниве години, но тој сè уште е многу тежок за дефанзивците и тој е најдобриот играч со кој сум играл,посочи халфот.

Фернандеш се очекува да биде во центарот на теренот уште од првата минута за Јунајтед во натпреварот вечерва против Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да се искачат на третото место во пласманот, откако во претходната рунда во 96-тата минута примија изедначувачки гол против Саутемптон и сега ќе бараат задолжителна победа за да ги задржат надежите за пласман во топ 4.

Back to top button
Close