Ферус Мустафов е во болница и се бори за живот, објави неговиот внук

Македонскиот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов е хоспитализиран и се бори за живот, објави неговиот внук Ферчо Мустафов на социјалните мрежи.

Статусот на Ферчо на Фејсбук се појави како демант на веста дека неговиот дедо наводно починал, пишувајќи дека тој не е починат туку се наоѓа во болница и се бори за живот.

 

-До сите мои пријатели и колеги.

Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат.

Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот.

Да се помолиме за негово здравје!

Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието, напиша тој

Ферус Мусафов е роден во Штип на 20 декември 1950 година, а неговата богата и професионална кариера започнала уште од рана возраст, односно на седум години, додека студирал виолина и кларинет во локалната музикча академија

Back to top button
Close