Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари
Вицепремиерот Арбен Фетаи и екс министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денес беа на средба во амбасадата на САД во Скопје.
Оваа средба доаѓа веднаш по одлуката да продолжат да ја поддржуваат Владата и да „се отцепат“ од партијата предводена од Арбен Таравари.
„Утринското кафе го испивме во најважната гостинска куќа за Албанците во нашата земја, Амбасадата на САД, каде што нè пречека заменик-шефицата на мисијата, Никол Варнес. Со нашата пријателка разговаравме за нашето континуирано партнерство во борбата против корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото и поддршката на нашиот пат кон Европската Унија“, напиша Фетаи на Фејсбук.
Тој се очекува да остане на досегашната функција во Владата, а името на Алиу се споменува како можен нов министер кој би доаѓал од редовите на ВРЕДИ.