Фетаи, вицепремиерот за „добро владеење“ дојде,ни покажа владеење од кафеана со скапи мениа , испотроши наши пари и си замина
Македонија е земја на чудата. Чудо е како функционираше ресорот за „добро владеење“. Арбен Фетаи си замина за Белгија со, вели ,,крената глава и чиста совест“, откако со месеци не се појави ниту на работа, ниту на владини седници. И зошто би доаѓал? Човекот својата мисија ја исполни, докажа дека најдобро се владее од кафеана и со добро мени.
За само неколку месеци „интензивно работење“, вицепремиерот за добро владеење успеа да ни покаже како ефикасно се празнат буџетски средства:
797.942 денари вкупно потрошени народни пари за неговиот кус мандат.
Според податоците на портал, над 416.000 денари завршиле директно во угостителски објекти во земјата.
116.878 денари е рекордната сметка во јануари 2025 година, месецот кога очигледно „доброто владеење“ имало најдобар вкус.
За што биле овие ручеци и кој се гоштевал за овие суми е државна тајна. Веројатно се дебатирало за високата етика со полни усти. Особено е трогателно што овие илјадници евра за кафани и авионски билети ги трошеше човек со имот од над 2 милиони евра, сопственик на куќи и згради во Белгија, и сопственик на возен парк од Audi Q7, Range Rover Sport и Mercedes C-Class. Човек кој покрај платата од 115.540 денари, зема и 2,76 милиони денари годишно од кирии во Брисел.
Но, кога си вицепремиер во Македонија, греота е да трошиш свои пари за ручек.
Владеењето беше „добро“, ама само за него. На здравје нека му е Белгија која ја доби како награда за ,, добро владеење”.
Катерина Цанeвска фб статус





