ФИФА ги претстави трите маскоти за СП 2026 – орел, лос и јагуар
Првото Светско фудбалско првенство во историјата кое идната година ќе се игра во три држави ќе има и три маскоти, по една за секоја од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално ги претстави трите маскоти, прецизирајќи дека САД ќе бидат претставени од белоглавиот орел „Клач“, јагуарот „Зају ќе го претставува Мексико, а Канада ќе биде претставена од лосот „Јавор“.
„Тимот на Светското првенство во 2026 година стана поголем и позабавен. Јавор, Зају и Клач се полни со радост, енергија и заедништво, исто како и самото Светско првенство“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Светското првенство ќе се игра следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.