Филип Јовановски награден во рамките на регионалниот проект Штампање заеднички простор

.Наградата, која го носи името на архитектот Ранко Радовиќ, е востановена со цел да се поттикне, развие и афирмира критичко-теориската мисла во областа на архитектурата и архитектонското творештво, и со тоа да се воспостават критериуми за нејзино вреднување во Србија и на меѓународно ниво, што подразбира вклучување на државите од поранешна Југославија и земјите од светот со кои Ранко Радовиќ соработувал или во кои работел.

Жирито во состав: проф.д-р Миа Давид -претседателка на жирито, д-р Ана Џокиќ, кураторка и Борис Миљковиќ, режисер, писател, одлучи наградата да ја додели на оваа соработка поради тоа што е „заедничка работа и повторно промислување на модернистичката архитектура на просторот на поранешна Југославија“ како и поради „третирањето на овој простор сеуште како заеднички културен простор што е од исклучително значење за создавање на подобро разбирање и полесна заедничка иднина на генерациите кои доаѓаат“.

Филип Јовановски вечерва во Нови Сад ќе учествува на разговор, на тема „Театарот од четири агли – Поглед на Биеналето за сценски дизајн 2022“. Разговорот е во рамки на програмската линија „СкенЛаб_разговори“, развиена од архитектот и професор Радивоје Динуловиќ.

Back to top button
Close