Филипче: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Ѓорче Петров зборуваше за, како што рече, лагите и големите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека граѓаните и Македонија ќе бидат горди.
-Само година и половина подоцна никој не е горд. Зошто немаат слоган „Горда Македонија“? Затоа што никој не е горд на урнисаниот животен стандард, на измамите со пензиите, на дивеењето на цените и стагнацијата на платите. Помина речиси година и пол откако Мицкоски и неговата банда ја преземаа власта.
Никој не е горд на тоа што 17.000 луѓе се иселиле за една година, или за тоа што им се должат 700 милиони евра на компаниите од ДДВ, бидејќи буџетот е празен. Нема гордост ни на меѓународна сцена. Ветуваа дека ќе ја стават Бугарија во ќош, дека ќе обезбедат подобри услови во преговорите, а денес од тоа нема ништо. Има само нејасен пат напред, без јасна насока каде оди оваа држава – рече Филипче.
Тој ги потсети граѓаните на лажните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија ќе има економски бум, достоинствен и напреден живот, но, како што рече, во реалноста граѓаните ја гледаат безидејноста на влада која не знае како да ги реши проблемите и да го подобри животот на граѓаните.