Филипче: Ако продолжи да паѓа бројот на новозаразени, ќе се дозволи организирање на свадби
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дополнително олабавување на мерките, доколку и во иднина продолжи овој тренд на намалување на бројот на заразени од корона вирусот.
Исто така, првиот човек на здравство најави и организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи.
„Притисокот спласнува и во околните земји. Овие мерки е решено дека ќе останат до први јуни. Дали овие трендови ќе продолжат понатаму, дополнително ќе одлучуваме со Комисијата за заразни болести. Будно ја следиме ситуацијата и треба да бидеме внимателни. Маските ќе се носат и понатаму, а можно е да има олабавување на мерките ако продолжи овој тренд. Со ваквиот број на новозаразени, ќе биде дискутирано да се дозволат свадби по протоколи на отворен простор“, истакна Филипче.