Филипче: Јас верувам дека со Христо Кондовски Битола во следните четири години ќе доживее инфраструктурен бум

Јас верувам дека со Христо Кондовски овој град во следните четири години ќе доживее инфраструктурен бум. Јас силно верувам дека и Христо и неговиот тим имаат и знаење и искуство да го насочат буџетот на градот кон развој на инфраструктурата. Свесен сум дека тоа е најголемиот проблем, а силно верувам дека Христо и неговиот тим тоа може да го реализираат.
Понатаму, со добро менаџирање и развој, но истовремено и со силна поддршка од централната власт, во Битола ќе се отворат и многу нови работни места, и компаниите ќе имаат силна поддршка и од општината. На Битола и треба економски развој, ова е втората област во која исто така ќе се инвестира. Сигурен сум дека она што во следните четири години ќе биде направено, нема да се спореди со ништо што е направено досега, без разлика дали е тоа подобрување на комуналната хигиена, или е во врска со загадувањето или урбанистичкото уредување.
Тоа драги битолчани го гарантира вашиот кандидат Христо Кондовски заради тоа што веќе докажал како се работи, како се менаџира, како се вложува, како се обезбедува плата за вработени и на крајот како се управува. На Битола ѝ е потребен добар менаџер кој ги знае проблемите на граѓаните и вие имате среќа што имате таков човек и добро знаете кој број да го заокружите на 17 октомври – бројот 12”.
Оваа порака вечерва од голем собир во Нова Битола ја упати потпретседателот на СДСМ и актуелен министер за здравство Венко Филипче.
Неговата верба, неговата поддршка искажана низ овие зборови уште повеќе ме обврзува и затоа сакам јавно да му се заблагодарам.
И уште еднаш пред битолчани вечерва кажав дека проектите што ги нудиме ги опфаќаат сите сфери од живеењето на граѓаните – инфраструктура, зеленило, раст и развој, обновливи извори на енергија, и даваат надеж на младите. Ќе го преуредиме централното градско јадро, кога ќе се влегува во Битола, ќе се знае дека се влегува во модерен и урбан град, индустриската зона ќе биде во склад со потребите на стопанството,
Генералниот урбанистички план ќе биде современ и во склад со потребите на Битола. За секој квадратен метар бетон, ќе имаме квадратен метар зеленило. И не се срамиме тоа да го повторуваме дека 100 проценти ќе ја реализираме програмата, дека Битола ќе биде локален економски развоен центар, Битола со која ќе се гордее секој битолчанец после четири години.
Вечерва, заедно со министерот Филипче и носителот на советничката листа Александар Димовски, се сретнавме и со луѓето кои се на првите борбени линии во цело време на Ковид кризата – здравствените работници, на кои им оддавам посебно признание за сите напори во прилог на јавното здравје.
Сите заедно можеме многу за Битола и за битолчани!
#Најдоброто за Битола!

Back to top button
Close