Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Венко Филипче бара итно да се осудат  насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир, а бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели,  не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.

-Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот, пишува Филипче на Фејсбук.

Пораката што ја испраќа власта, според него, е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност.

-За една година безбедносната состојба во државата катастрофално се влоши. Безбедноста на граѓаните, правдата, заштитата од институциите практично не постојат. Ова е нешто што треба сериозно сите да нè загрижи, пушва претседателот на СДСМ Венко Филипче во врска со нападот над градоначалничката на Град Скопје.

Back to top button
Close