Филипче: Болеста многу брзо прогресира, ваква манифестација досега не е видена

Болниците се преоптеретени, како што досега никогаш не биле, ангажирани се одделенија кои досега не биле ангажирани. Сепак, има доволен број на болнички  кревети, рече денеска  министерот Венко Филипче при посетата на СЦ  „Борис Трајковски“.

-Колегите кои се врвни стручњаци,  пулмолози самите кажуваат дека до сега немале можност да видат ваква прогресивност на болеста. Докторите прават се за пациентите, но дел  од нив не успеваат да се  спасат. Има пациенти кои и денеска се  во многу тешка состојба. Кај некои од пациентите  едноставно нема  ефект. И кај  млади луѓе за само  неколку часа прогресира болеста. И  покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех. Како ќе се набавуваат нови вакцини ќе се намалува старосната граница за вакцини, рече Филипче.

Back to top button
Close