Филипче: Болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење

 

Соопштение на Венко Филипче:

Болницата во Кавадарци е пример за одговорно работење. Во изминатите три години комплетно е сменета сликата на оваа установа. Набавена е нова опрема, зголемени се платите на сите здравствени работници и значително е подобрена инфаструктурата.

✅ Целосно реновирано педијатриското одделение;
✅ Зголемен број на лекари специјалисти;
✅ Од темел реновиран запуштен дел од болницата и пренаменет во идно интернистичко одделение за жени;
✅ Најсовремена медицинска опрема;
✅ Спремно одделение доколку е потребно да третира пациенти заболени од ковид-19.

 

Back to top button
Close