Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од правен прогон. Скандалозно е на еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува.
На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ Венко Филипче во своето обраќање пред крушевчани ги откри мотивите и потребите на кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски да се спои со ВМРО-ДПМНЕ како негов коалиционен партнер.
Неговата потреба од ВМРО-ДПМНЕ е една Мицковски да ја „исече“ раката на правдата.

Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон.
Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник.
Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува, рече Филипче.




