Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се „талог“ затоа што ја критикуваат власта?
„Да ги изнесам констатациите на граѓаните кои што ги нарекувате дека се „талог на општеството“, прво и заради тоа што поплаките прашањата и се останато доаѓа од нив, не директно од нас“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче исто така рече дека е свесен дека Владата сака да зборува за „убави работи“, но најверојатно тие работи се за мал круг на луѓе блиски до власта..
„Знам дека сакате да зборите и за убави работи. Веројатно тоа се случува за мала група на луѓе околу власта, меѓутоа не за целата држава и за сите граѓани“, рече Филипче.
Тој на денешната седница на пратенички прашања исто така рече дека за огромното мнозинство граѓани, реалноста е сосема поинаква, а тоа е држава без европска перспектива, држава со изгласана против уставна резолуција, со која што се забранува слобода на изразување, слобода на говор, држава со сива економија и длабока сиромаштија.






