Филипче до Мицкоски: За две години не исполнивте ниту едно ветување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања упати серија критики кон премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека Владата не успеала да ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните во изминатите две години.

Според Филипче, пред доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ ветувала подобар животен стандард, економски раст, ниска инфлација, повисоки плати, нови инвестиции, поддршка за земјоделците, реформи и европски напредок, но, како што рече, реалноста денес е сосема поинаква.

-Кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувавте сè и сешто. Ветувавте повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе странски инвестиции, помал буџетски дефицит, умерено задолжување, поддршка на земјоделците, иднина за младите, правда, реформи и европски напредок, рече Филипче.

Тој потсети дека истите ветувања биле содржани и во програмата „1198“, но оцени дека граѓаните не ги почувствувале најавените промени.

Back to top button
Close