Филипче: Додека ние не спиевме, ВМРО се будеше со идеја како политички да профитира

Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат, рече министерот Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

-Лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, како поигрување со здравјето на граѓаните. Слушаме ќе се ребрендирале, ќе биле партија за сите граѓани, не може да се партија за сите граѓани, кога се синоним за поделби, ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници. Волкот го менува влакното, ама не го менува карактерот, рече Филипче.

Back to top button
Close