Филипче: Докторите специјалисти земаат 111.377 денари плата, а медицинските сестри, со висока стручна спрема, 50.376 денари

Министерот Венко Филипче сподели неколку графикони на фејсбук, на кои според него се гледа како растеле платите на вработените во здравството.

-Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем – луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа.

-докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
-наставниот кадар – 122.810 денари
-докторите на медицина – 58.991 денари
-медицинските сестри со висока стручна спрема – 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари, напиша Филипче.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Back to top button
Close