Филипче е цар!

Министерот Венко Филипче, драгиот сограѓанин, е цар!

Прво, ме послуша – митинзи и собирања да нема на плоштадот, туку, како што предложив – на Долни Сарај!

Второ, ја спасува туристичката сезона – живот пулсира, по езерска шир, во невиден душевен мир!?

Трето, го спаси “Балканскиот фестивал на народни песни и игри”, кој требаше да се одржи на истата сцена!?

Четвро, на ист начин, го спасува и Меѓународниот музичко-сценскји фестивал “Охридско лето”, кој треба(ше) да почне за нецела седмица!?

Петто, да види колку и од каде се пополнува Охрид за време на викендите!?

И шесто, тука му е местото – во комшилакот, на чекор над сопствениот дом, да демонстрира како се применуваат препораките и здравствените протоколи!?

Размислувај глобално, делувај локално!

Филиче е цар!

Веле Митаноски (фејсбук статус)

Back to top button
Close