Филипче ќе присуствува на Конгрес на СПД во Берлин и ќе има средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче утре ќе присуствува на конгрес на германската Социјалдемократска партија (СПД) во Берлин, во чии рамки ќе има средба со вицеканцеларот на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и копретседател на СПД.
Како што информира СДСМ, Филипче ќе оставари и билатерални средби со европски политичари и функционери што ќе присуствуваат на конгресот.
На конгресот, под слоган „Промената започнува со нас“, ќе се избира и новото раководство на СПД, во присуство на истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.
-Поканата за присуство на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на овој конгрес е израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија, соопшти СДСМ.