Филипче: Економските индикатори се навистина алармантни
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук напиша дека најновите индикатори за земјава се повеќе од загрижувачки.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата„ пишува Филипче на ФБ.