Филипче го осуди обидот за атентат на Трамп: ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности

-Со големо жалење и длабока загриженост ја примив веста за обидот за атентат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото.

Во овие тешки моменти на поранешниот претседател на САД, Трамп му испраќам искрени желби за брзо опоравување. Сочуство до семејствата и на другите настрадани.- напиша на фејсбук претседателот на Сдсм, Венко Филипче.

Back to top button
Close