Филипче: Граѓаните се оставени сами на себе, митот за економската способност на ВМРО ДПМНЕ е срушен

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ покажа дека не е способна за да креира правилни економски политики, и нема намера да им помогне граѓаните во овој период на растечка инфлација.

„ Жалам што вчера премиерот кажа дека нема да се интеревенира во цените на производите вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти, практично потврди тоа што ние цела година наназад го зборуваме, а тоа е дека нема намера да им излезе во пресерет на реалните потреби на граѓаните, дека нема намера да балансира помеѓу големите трговци, големите маркети , помеѓу работниците и газдите. Практично вчера власта им порача на граѓните – оставени сте сами на себе“ рече Филипче.

Тој додаде дека власта нема контакт со реалноста, инфлацијата ги срози целосно платите, а цените дивеат.

„Премиерот изјави дека инфлацијата „забавува значително“, но тоа не е вистина. Статистиката не лаже – Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Просечна инфлација во ЕУ изнесува 2.1%, а кај нас во август е двојно поголема, -4.4%. Растот на цените не запира. Во август годинава споредено со август лани се зголемени за 4,1%. Само прехранбените производи се поскапи за 6,7%, а дури за 11% во август се поскапени зеленчукот и овошјето“, рече Филипче.

При тоа Филипче посочи дека сите земји во околината имаат соодветни мерки, само македонските граѓаните се заглавени во сиромаштија.

„Ова е едиствена влада и во регионот и секаде во Европа која што овој раст на цени го релативизира, и ги остава граѓаните сами, без апсолутно никакви мерки за помош. Во Албанија од следната година се воведува минимална плата од 500 евра, Србија најавува раст на минималната плата на 550 евра, само нашите граѓани остануваат заглавени во сиромаштија поради политиката на власта“, рече Филипче, додавјќи дека ниту пропагандата на Мицкоски веќе не верува во приказните за економски раст, граѓаните се тие што најдобро знаат како живеат, тие едноствано не може да врзат крај со крај во текот на месецот.

Back to top button
Close