Филипче: Граѓаните во Трубарево да носат маски и да не излегуваат без потреба
Претседател на СДСМ, Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
„Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти“, напиша Филипче.
Тој предупреди дека дел од информациите укажуваат на горење на литиумски батерии и друг опасен отпад.
Извор: fokus.mk