Филипче и вечерва на состанок со сопствениците на „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“

Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вечерва се на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство.

Ова е втор состанок, на кој се очекува да се одлучи околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

Една од опциите која се разгледува е дали поранешната болница Мала Богородица- Систина да стане ковид центар за прием на нови заразени пациенти. Овој предлог дојде по првиот состанокот.

Хотелот, односно поранешната гинекологија на Систина, се наоѓа во Тафталиџе, во трговскиот центар Олимпико и во моментот не се користи поради затворањето на хотелите.

Она за што треба да се разговара е и на кој начин ќе им се плаќа на приватните болници за услугите. Дали сите трошоци ќе ги покрива Фондот, или пак ќе се бара и пациентите да платат од свој џеб.

Back to top button
Close