Филипче: Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево
Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти.
Загрижувачки се дел од информациите што пристигнуваат а тоа е дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен. Во исчекување на официјални податоци, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција.
Апелирам до властите дека е крајно неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така, е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови.