Филипче: Исполнувањето на аманетот на нашите државотворци од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија
Претседателот на СДСМ, Венко Филиоче, со делегсција од партијата одаде почит пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и пред споменикот на АСНОМ.
-Исполнувањето на аманетот на нашите државотворци од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија.
Денеска во Скопје во чест на 2 Август, одадовме почит пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и пред споменикот на АСНОМ.
Благодарни сме за нивната борба со што се оствари сонот за слободна македонска држава.
Денес е време за борба за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни.
Нека е честит и вековит Илинден и АСНОМ. Нека е за многу години денешниот ден и да ни е вечна и вековита Републиката!- напиша Филипче на својот фејсбук профил.