Филипче: Матичните лекари ќе ги издаваат електронските сертификати со QR код
Од следната недела матичните лекари ќе издаваат електронски QR код, или „Грин-пас“ за патување кај секој поединец кој сака да помине граница, најави министерот за здравство Венко Филипче.
-Оваа апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон, а матичните лекари ќе ја издаваат. Овој сертификат ќе може да се надградува со податоци, рече Филипче.
Како што информираше Филипче, овој сертификат за вакцинација ќе содржи податоци за примена вакцина, за антитела или за направен PCR-тест.