Филипче: Матичните лекари се клучна алка во синџирот за јавното здравје

 Матичните лекари не се важни само за здравјeто на поединците, туку и за здравјето на целата заедница. Тие се клучна алка во синџирот за јавното здравје, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук по повод 19 мај – Светскиот ден на матичните лекари.
– Голем товар во борбата со ковид пандемијата, лекарите по општа медицина го носат на свој терет од превенција и контрола на пациентите, споделување совети, утврдување на потребна терапија, совети за престој дома, па се до обезбедување превоз до ковид центрите. Тие заедно со целиот здравствен персонал играат важна улога и за процесот на ковид имунизацијата, кој е во тек, напиша Филипче.
Во 2019 година, како што посочува министерот за здравство, сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија добија приближно 15 отсто или 8 денари покачување за капитационен бод, односно за 1000 пациенти добиваат околу 8000 денари повеќе, а за 2000 пациенти 16.000 денари повеќе средства. Со ова значајно ја олеснивме нивната работа и нивното функционирање. Ова зголемување отвори можност, да бидат стимулирани, дополнително да вработат медицинска сестра, да вработат и административен работник, се со цел докторите се повеќе да бидат посветени на нивните пациенти, истакна Филипче посакувајќи им на матичните лекари и понатаму да продолжат со својата посветеност и придонес кон јавното здравје.

Back to top button
Close