Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за состојбите во правосудството, посочувајќи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните.

Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.

-Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите. Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче во изјава за медиуми.

Тој истакна дека од реформските закони што се предвидени да се донесат, во Собранието не е поднесен ниту еден.

-За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум  требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст – нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден, рече Филипче.

Тој рече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ којашто има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници и скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.

-Сметам дека се што оваа власт прави се само празни флоскули, само изјави, само најави, и дека се што лани беше предизборна лага, сега е веќе јасно дека ништо од тоа нема да се спроведе и практично е истиот терк на однесување и сега во очи на оваа кампања кога сме бомбардирани од лажни реклами. Жалам што е така посебно во сектор кадешто реформите се неминовни, каде на хартија е напишано од ЕУ што треба да се направи и што треба да се спроведе, за да стигнеме до силно и независно судство, тоа е тоа што граѓаните го очекуваат и го бараат, рече Филипче.

Back to top button
Close