Филипче најави средба со Таравари оваа недела

На прашањето како ги коментира актуелните случувања во владата и излегувањето на Арбен Таравари од власта, Филипче рече дека владината коалиција се распаѓа на само една година по формирањето

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најави дека во текот на оваа недела ќе се сретне со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, кој одлучи да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.

Средбата првично беше најавена за претходната недела.

„Средбата со Арбен Таравари ја одложивме за оваа недела, така што овие денови ќе се сретнам со него“изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

На прашањето како ги коментира актуелните случувања во владата и излегувањето на Арбен Таравари од власта, Филипче рече дека владината коалиција се распаѓа една година по формирањето.

„Таравари беше еден клучен фактор од албанскиот блок којшто се приклучи на оваа влада. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во делот на коалиција, движење на партијата Алијанса за Албанците“,додаде Филипче.

Два дена откако поднесе оставка од позицијата министер за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во изјава за албанската телевизија МЦН појасни зошто неговата партија ги напушти Владата и коалицијата ВЛЕН. Рече дека коалицијата ВЛЕН е игнорирана од остатокот од Владата, а оти АА не е навикната да биде само декорација

Back to top button
Close