Филипче на Х- Моето чувството не лаже.Почна откриивањето на Орбановите мафијашки мреже во Унгарија. На ред се тесните врски и криминали со ВМРО
Филипче на X: Изгледа дека моето чувство не лаже – акцијата против Орбановата мафија започна
“Изгледа моето „чувство“ е посилно од она што го гледавме на ТВ и го слушнавме во Собранието.
Како што најавив, акцијата за разоткривање на Орбановите мафијашки бизниси во Унгарија започна.
На ред се и неговите медиумски мрежи, а со нив и тесните врски на Мицкоски и целата криминална организација ВМРО со Орбан.
Конечно, граѓаните ќе можат јасно да видат сè што најавуваме во последните шест месеци.
Наскоро доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста во Македонија!”, стои во објавата на Х на Венко Филипче.
Реакцијата на претседателот Филипче доаѓа по објавата на Питер Маѓар, идниот премиер на Унгарија кој наведува:
„Олигарси поврзани со Виктор Орбан префрлаат десетици милијарди форинти во Обединетите Арапски Емирати, Соединетите Американски Држави, Уругвај и други далечни земји.
Запознаен сум дека унгарската Национална управа за даноци и царини (NAV), врз основа на извештаи од банки, суспендирала неколку трансакции со висока вредност поврзани со кругот на Антал Роган, поради сомнеж за перење пари. Го повикувам раководството на NAV веднаш да ги замрзне овие украдени средства.
Уште еднаш ги повикувам јавниот обвинител, директорот на националната полиција и раководителот на NAV да ги приведат криминалците кои ѝ нанеле штета од илјадници милијарди форинти на унгарската држава, и да не дозволат нивно бегство — пред формирањето на влада на ТИСЗА — во земји од кои екстрадицијата во моментов не е возможна.“ напиша Филипче на мрежата Х.
Орбан по изгубените избори денеска објави дека го враќа пратеничкиот манат и дека го послушал советот д многумина да се врати во партијата Фидес и да ја стабилизира по катастрофалниот пораз на парламентарните избори.






