Филипче на средба со КЗБ, Центрите за јавно здравје и МВР ќе дискутира за мерките во општините кои се жаришта на коронавирусот

Министерството за здравство информира дека денеска во 13 часот, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.

Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Северна Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

Back to top button
Close