Филипче: Не постои одлука за забрана на работата на новинарски екипи во кругот на јавни здравствени институции
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил информираше дека не постои никаква забрана за снимање, и новинарите треба да продолжат непречено со својата работа.
-Нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа. Денеска одржав состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиуми на Македонија (СЕММ), а по повод вчерашната реакција на ЗНМ и ССНМ во врска со попречувањето на работата на новинарите во кругот на ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје. Овие инциденти се истражуваат, а одлука за забрана на работата на новинарски екипи во кругот на јавни здравствени институции не постои – напиша Филипче.